Saturday, July 05, 2003

Бев во голема дилема дали да одам на Егзит и да го потрошам викендот таму, оти има точно одредени прекрасни луѓе на лице место, оставајќи да ми висат над глава куп обврски, или да станам малце одговорен и ако успеам со обврските да се наградам со еден друг вид излет.

Се решив да се обидам да суредам што може да се суреди, а во недела да одам на „експедиција“ во село Кучица, општина Карбинци, во источна Македонија (слика лево). Таму живеат Турци-Јуруци, па според кажувањата патувањето нема да е само низ простор, туку и низ време. Инаку, настанот е пуштање на водовод во употреба, помогнат од од МЦМС.

No comments: